Локалниот кризен штабза заштита и спасување со највисок степен на подготвеност

Влошената здравствена состојба  на штипјани кои имаат коронавирус се манифестира и огледува преку преполнетиот капацитет на инфективно одделение. Штип како  здравствен регионален центар  во изминатите децении не памети префрлање на пациенти од штипската болница до останатите градови , но Пандемијата  си го направи своето  па сега пациентите од штипската болница се пренесуваат во Кочанската. Во моментов  од педест пациенти на инфективно оделение во Штип, дваесет се во многу лоша состојба , односно се на кислородна подршка. Ова го алармира локалниот  кризен штаб  за заштита и спасување од каде велат дека иако  Штип од вчера котира прв на листата во државата со број на заболени нема да се прогласи полициски час.

Ако во првиот бран на пандемијата токму конфеклцискиот сектор се јавуваше како жариште, инспекциските наоди се сосем коректни во делот кога тврдат дека се исполнети сите протоколарни здравствени мерки внатре во работните организации. Единствен проблем е јавниот превоз. Градоначалникот повикува на повисока општевствена свесност и одговорност при индивидуална заштита на секој поединец.

 Состојбата во училиштата, според Миланов ,засега е под контрола тоа е општата денешна констатација на сите раководни кадри на основните и средните училишта , онлај наставата се покажала како единствено добро решение за превенција.

Бројките на заразени со ковид 19 и денеска се во пораст , според првиот човек на Штип најдобро решение од здравствен аспект е конечното поставување на монтажните болници на кои сеуште се чека .

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет