„Комити“ на прес-конференција: „Или Миленко во Вардар или клубот нема да постои“!

Навивачката група „Комити“ која сега има 15% од акциите во фудбалскиот клуб Вардар на прес-конференција информираше што се случува внатре во клубот, а притоа за сите случувања да биде запознаена целта јавноста, а за целата ситуација зборуваше Милорад Миленковски.

„На 10 јуни имавме средба со претставници на Владата, каде што ни беше кажано дека решението за ФК Вардар е на повидок и дека ќе треба за тоа да се случи ние да ги предадеме нашите акции. Во тој момент значи после одредено колебање, тоа од прилика е некаде 10 јуни се договоривме дека тие наши акции ќе ги предадеме, на инсистирање на тие коишто не повикаа, а на барање на всушност на инвеститорот е поставен господинот Миленко Неделковски како вршител на должност извршен директор на ФК Вардар тогаш. Меѓутоа, тоа не го прифативме во тој момент моравме да се консултираме со со нашето членство бидејќи како што спомнав на почетокот како здружение сме правен застаник односно субјект кои што ги застапува интересите на навивачката група „Комити Запад“. На 3. јули свесни за ризикот Вардар да не пропадне на некој начин бевме принудени ФК Вардар да го предадеме и да пружиме рака со господинот Миленко Неделковски односно со тие кои што него го промовираа“, рече Миленковски, кој потоа дополни:

„Значи преска спомнавме дека се разгледуваше драфт верзија на договорот на ФК Вардар односно на здружението „35 години Вардарци“ со претставниците на господинот Атила. Откако добивме нови аргументи дека ФК Вардар ќе биде заштитен, значи на некој начин влеговме во таа игра и се согласивме да биде претставник поради тоа што неизбежно и ние не го избираме тоа едноставно ние е претставено на маса, ситуацијата е ваква – или Миленко ќе биде во фудбалскиот клуб Вардар или Вардар нема да постои“, рече Миленковски на прес-конференцијата.

Вардар се наоѓа во долниот дел од табелата односно на 11-тото место со 11 бодови, а викендот ќе игра против Воска Спорт во Охрид.

Александар Ванев, М-Нет