Комисијата за спорт во четврток ќе избира спортист на Штип за 2020 година

Утре, четврток во просториите на советот на општина Штип Комисијата за спорт ќе ја одржи својата седница на чиј дневен ред ќе биде избор на спортист на град Штип за 2020 година. Овој избор се врши по избор на комисија во проширен состав со спортски новинари на чело со претседателот на комисијата Елмир Мандак. Вообичаено комисијата за спорт избира најдобри поединци и клубови во конкуренција на Пионери, Кадети, Јуниори и Сениори како и избор на најдобри тренери и спортски работници. За терминот на свечениот церемонијал за доделување на награди на најдобрите како и за тоа како ќе се одржи по здравствениот протокол поради пандемијата, јавноста дополнително ќе се информира.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk