Од денес фудбалерот Муарем е нов играч на штипска Брегалница

Спортскиот директор на ФК Брегалница, Никола Тонев не информираше дека од денес нов играч на Брегалница е фудбалерот Муарем Муарем. Договорот со него е постигнат со цел засилување на редовите на Брегалница а истовремено и како поттик за помладите играчи во претстојната пролетна полуетапа кон прволигашката патека. Како искусен и докажан играч Муарем со репрезентативно искуство ќе допринесе амбициите на Брегалница за прволигашки статус да се остварат на радост и на задоволство на штипските симпатизери токму во оваа јубилејна сто годишнина од формирањето на клубот. Муарем е некогашен играч на Скопје, Тетекс, Работнички, Шкупи а има и интернационална кариера во Турција, Казахстан, Азербејџан и Албанија. Инаку фудбалерите на Брегалница подготовките ги одвиваат во Штип на теренот во Бело Брдо и тоа два пати дневно, наутро од 9.00 часот и на пладне од 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk