
Со солзи во очите и со неизмерна болка, по една година од големата трагедија во Кочани, средношколците од штипското медицинско училиште Јане Садански одржаа комеморација за своите петмина соченици Дамјан Тнески, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовоа , кои трагично го загубија животот кобниот 16 март 2025. Редици ученици, родителите и блиски на починатите присуствуваа на комеморацијата, а болката беше сеуште присутна. Комеморациајта започна со едноумитен молк, а потоа претставници од класевите, каде учеле загинатите, читаа кратко пристеување за нив. Децата овој ден ја искажаа тагата не само со црната облека туку и со нивните плачеви и лелеци.
Инаку, во чест на средношколците кои трагично загинаа, денеска после комеморативноит наста, беа засадени дрва во дворот на училиштето. Директорката Николиќ со силна поддршка застана зад учениците, утешувајќи ги. Кобниот 16 март од Штип зеде 5 жртви. Филип Стевановски, Дамјан Таневски, Филип Ивановски, , Александар Коларов и Александар Ефремов. Во нивна чест општината подготвува комеморативна програма точно на 16 март оваа година. Ќе се запалат свеки, ќе се постави камен темелнкот на споменикот за нив, а ќе има и ѕвездено нево, кое ќе се осветли со телефоните на присутнте.
Иван Митев, М-Нет