Колку моторциклистите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи?

Сообраќајна незгода вчеравечр меѓу патничко моторно возило и мотор во Штип. Во незгодата со повреди се здобил возачот на моторот кој бил пренесен во Клиничка болница Штип. Ова е епилог кој се појавува речиси преку еден, бидејќи сообраќајните незгоди во кои усетвуваат мотори се сѐ почести. За среќа вчерашаната незгода не била фатална, односно од болницата истакнаа дека повредениот е прегледан од отропед и хирург и е пуштен на домашно лекување. Но, колку моторциклистите како дел од учесниците во сообраќајот ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, носат заштитна кацига, ги прашавме граѓаните во Штип.

„И од двете страни не се почитуват, прво шоферите се криви, возат под дејество на алкохол, а каде е полицијата прашајте се и прашајте го народот каде е полицијата. Оти има правила сообраќајни правила во населени места се возе 40 километри на час, има сообраќајни знаци, македонскиот народ е многу не писмен народ“

Од неодамна започна и капмања на РСБСП со СВР Штип за носење кацига со цел внимателно и одговорно возење, но и намалување на жртвите во сообраќајните незгоди. Но, според анкетираните штипјани ваквата кампања не дава резултат.

Од СВР Штип исткнаа дека постојано се на терен со цел воведување на ред во сообраќајот. Секое непочитување на сообраќајните правила и прпоиси, како и неносењето заштитна кацига е дело за кое следи казна.

Лаура Стојанова М-Нет