
Сѐ уште постои опасност пожарот од Криволак да ја зафати територијата на Општина Штип. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев истакна дека e формирана извидничка група која и утринава беше на терен за да се согледа ситуацијата со пожарите. Теренот е лош и непристапен, а гори нискостебелеста и дабова шума.
„ТППЕ Штип рано утринава формира извидничка екипа која се упати во близина на пожарот и изврши увид. Пожарот е на две различни локации, теренот е тежок и непристапен. Но, ние сме во постојана комуникација со ЦУК и противпожарната единци од Неготино. Очекуваме понатамошни инструкции за да може да интервенираме“ – кажа Коцев.
Уште во текот на вчерашниот ден е започната интервенција од воздух, а Коцев истана дека чекаат повик за да излезат на терен и да интервенираат во гаснењето на пожарот кај Криволак.
„Гори нискостеблеста и дабова шума кај Криволак. Има интервенција од воздух, а ние очекуваме инструкции да интервенираме од копно.“ додаде Коцев.
Во претходните неколку денови ТППЕ Штип имала доста интервенции во сообраќајани несреќи, за гаснење на пожарот на градската депонија Трештена скала во Штип, а биле и на помош за санирање на штетите од невремето во Кочани. Според Коцев екипираност има доволно, за да може да се реагира навремено.
Лаура Стојанова М-Нет