
Колку граѓаните се подготвени да се вакцинираат против сезонскиот грип? Ова прашање се поставува пред почетокот на вакцинацијата, која стартува за само неколку дена. Според анкетата спроведена од М-Нет телевизија, граѓаните се поделени дел од нив се уверени дека вакцинацијата е клучна за заштита, додека други остануваат скептични. На платформата вакцинација.мк веќе започна пријавувањето за бесплатно вакцинирање, но останува да се види колку од нив ќе се одлучат да ја примат.
Многумина од анкетираните, кои не планираат да се вакцинираат, велат дека ќе се препуштат на „природниот начин“. Според нив, здравиот имунолошки систем и природната отпорност се доволни за да се спречат сезонските вируси, а вакцините се непотребни.
Лекарите потенцираат дека вакцината е најефективна заштита од компликации од сезонскиот грип, особено кај ризичните групи. Но прашањето останува, дали граѓаните ќе ја стават превенцијата пред сомнежот?
Иван Митев, М-Нет