Кои услови треба да се исполнат пред да се тргне на планина ?

Постојаните врнежи од дожд во последните три недели најверојатно се причината поради која тројцата моторџии се заглавиле во кал на Плачковицa. Планинарите посочуваат дека треба да се внимава на временските услови пред да се тргне во планина, без разлика дали е пеш или со возило.

„Во однос на последните случувања луѓето најверојатно го заборавиле фактот дека последните три недели имаше континуирана циклонска активност каде постојано 24 часа имавме врнежи од дожд. Тоа значи дека почвата е презаситена од вода, особено оние некатегоризирани патишта по кои се движат возила или мотоцикли, но и онаму каде нема вегетација па водата е уште помалку апсорбирана и отежнато е движењето слично или идентично како по снег“ – вели Каровски.

Каровски посочува и на фактот дека оние кои саакат да се искачат на планина треба да бидат подготвени псиихички и физички. Истовремено, времеснки услови на планина се многу важен фактор кој во ниту еден случај не смее да биде запоставен. Ако во котлините е пролет голема е веројатноста на планината сѐ уште да е зимо, дециден е Каровски.

„Со доаѓањето на пролетта во котлините не значи дека е дојдена пролетта и во планините, зависно од надморската височина во Македонија на некои планини може снегот да се задржи и до месец јуни и јули. Секогаш луѓето пред да заминат во планина треба да го имаат предвид фактот дали се психофизички спремни. Таа физичка подготвеност не значи само дали можам да се искачам на замислената дестинација, туку дали сум спремен и да се вратам од таму.“ – вели Каровски.

Каровски советува секогаш кога ќе се тргне на планина тоа да се прави со искусен планинар или водич, и со себе да се има потребната опрема. Додава дека препорачливо е да се носи зимска опрема бидејќи луѓето секогаш треба да бидат подготвени на радиклани промени кои може да се случат на планина. Од планинарските клубови посочуваат дека вакви инциденти на годишно ниво има околу 10 до 15.

Лаура Стојанова М-Нет