Мото клубот „Гремиум“ го прослави седмиот роденден во Кочани

Во Кочани прославен седмиот роденден на Гремиум клубот. Со забава во кочанската населба Бавчалук, над 300 мотори присустуваа на одбележувањето на роденденот, а дополнително се одбележа и отворањето на нов чаптер Скопје – Гремиум. Стари и нови членови, гости од државата и странство, како и сите љубители на моторите имаа можност да уживаат и да бидат дел од настанот.

„Поводот е седум години роденден од поголемиот МС клуб во светот „Гремиум“, а имаме уште еден повод денеска отвараме нов чаптер Скопје – Гремиум. Околу 300 – 400 мотори се овде, наши пријатели од Македонија, имаме пријатели браќа од Босна, Србија, Норвешка, Германија и Бугарја.“- додава Лазар.

Потпретседателот на клубот вели дека има доста членови и можност бројот да расте. Потребно е да исполнат посебни критериуми кои малку посторги, но додава дека најважно е да има желба да се биде дел од мото клубот Гремиум.

„Па прво и основно треба да имаш волја и да сакаш да бидеш дел од тој свет. Кај нас има кодекс на облекување, на однесување, има правила каков мотор треба да поседуваш. Конкретно за нашиот клуб минимум 500 кубика треба да биде моторот, чопер, брзинец не е важно.“ – вели Чаки.

Настанот заврши со забава, а љубителите на мотоцикли имаа можност да уживаат во глетката и звукот на над 300 мотоцикли.

Лаура Стојанова М-Нет