Кои се најдобрите стрелци во Третата македонска фудбалска лига во сите пет региони?

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

По четири одиграни кола во Трета лига – Исток најдобар стрелец е Игор Ѓоргиев од екипата на Слога Виница со постигнат пет погодоци.

По четири погодоци имаат постигнато Октај Амедов од Слога Виница и Петар Илиев од Дојранско езеро.

Во Трета лига – Север се одиграа четири кола, а најдобар стрелец со постигнати девет погодоци е Орхан Мифтар од екипата на Фортуна, пет гола има Мерван Фетаи од тимот на Беса Влазими.

Во листата на стрелци со по три гола се запишаа Дарио Десниќ од Шкендија Арачиново, Кристијан Ивановски од Кадино, Ангел Настевски од тимот на Еуромилк ГЛ, Леутрим Таири од Риниа и Марио Тренески од Њу Старс.

Во Трета лига – Запад одиграни се четири кола, а најдобар стрелец е Метор Саљиу од Џепчишти со пет гола, додека пак Бетим Етеми од Доброшти, Младен Котевски од Напредок и Брендим Рушити од Дрита имаат по четири гола.

Во Трета лига – Југозапад одиграни се четири кола, а викенд ќе се играат натпревари од петтото коло. Најдобри стрелци со по седум гола се Никола Секулоски од Сатеска како и Денис Шадов од Влазними. Шест гола има постигнато Фатјон Леши од Кораби, а по пет гола имаат Нико Пластиновски и Неџми Реџепи од Преспа од Ресен.

По пет одиграни кола во Трета лига – Југ, Петар Ристовски од Венец и Виктор Тошески од Големо Коњари се најдобри стрелци со по осум постигнати погодоци.

Арменд Мемедов кој настапува за тимот на Дреново има постигнато пет гола, а седум играчи имаат постигнато по три гола.

Александар Ванев, М-Нет