
Македонската А репрезентација ги започна подготовките за двата натпревари кои следуваат од Лигата на нации против Летонија во Рига веќе во четврток и против Ерменија во Ереван во недела. Два натпревари на гостински терен.
Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски вели дека целта на македонската репрезентација ќе биде две победи и со тоа да се потврди првото место во нашата група.
Македонија е лидер во групата 4 со четири бодови, Ерменија е втора со три бодови, Летонија е на третото место, исто така со три бодови, Фарски Острови е на последното место во групата со еден бод, односно „фараните“ тој бод го имаат токму од Македонија.
Александар Ванев, М-Нет