Кожуф го промовираше Никола Најдовски како најново засилување

Второлигашот од Гевгелија, екипата на Кожуф промовираше ново засилување во своите редови за пролетната полусезона.

Се работи за 19-годишен лев бек кој во Кожуф доаѓа од редовите на прволигашот Тиквеш од Кавадарци, а претходно има настапувано и за велешки Борец и Вардар Неготино.

Претходно Кожуф ги промовираше Мартин Петровски, Борче Картов и Дејвид Митревски како нови засилувања.

Кожуф есенскиот дел го заврши на 5. место со 23 бодови колку што има и Арсими кој е на 4. место, а пролетниот дел екипата предводена од штипскиот стратег Трајче Сенев го отвара против Караорман во Струга.

Александар Ванев, М-Нет