Македонија се пласираше на кадетското Европско ракометно првенство

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија се пласираше на Европско првенство во Црна Гора. Со вкупен биланс од две победи и еден пораз во квалификацискиот циклус кадетската репрезентација на Македонија успеа да обезбеди настап на кадетското ЕП 2024.

Во последен квалификациски натпревар нашите надежи славеа победа против кадетската селекција на Косовo со убедливи 24:33.

Најдобар во таборот на репрезентацијата на Македонија беше Теодор Пецаноски со осум погодоци, а пак Јован Петрески имаше шест реализации.

Од нашата група пласман на ЕП во Црна Гора избори и селекцијата на Швајцарија.

Александар Ванев, М-Нет