Тројца починати пациенти во штипската болница како резултат на компликации од Ковид – 19. Највозрасниот на 83 годишна возраст од Штип, другите двајца на 77 години од Кочани и 69 години од Берово. Бројот на оздравени и испишани пациенти е ист – тројца, но регистрирани се и 7 нови приеми. Направени се 67 амбулантски прегледи, а хоспитализирани 57 пациенти, од кои 42 во модуларната болница, 8 на Кожното одделение и 7 во дневната болница. Од нив 36 пациенти се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка, а 7 се вакцинирани. Во модуларната ковид – болница во Штип има 5 слободни места, а на Кожното одделение – 2, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани, пак, починати нема. Вкупно хоспитализирани се 15 пациенти, од кои 5 се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. Во болницата има 2 новопримени пациенти, а 1 е оздравен и испишан. На Интерното одделение има 4 слободни кревети, информираат од болницата.
На територија на цела држава во последните 24 часа регистрирани се 183 нови случаи на Ковид – 19 од направени 2.035 тестирања. Од нив по еден има во Штип, Кочани, Берово и Македонска Каменица.
Пријавени се и 18 починати лица, од кои 16 во болнички услови и 2 во домашни услови.
Од регистрираните 531 пациент, дванаесетмина се од Штип, 11 од Берово, 9 од Делчево, 7 од Пробиштип, 6 од Кочани и по еден од Македонска Каменица и Пехчево.
Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705, бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.
Ребека Спасова МНет
