Ковид 19 – Помалку тестирања, помалку заболени

По 484-те тестирања направени во последните 24 часа, на ниво на држава регистрирани се само 37 нови случаи на КОВИД 19.

Од вкупниот број, девет новозаболени има во Скопје, во Гевгелија 12 кои според информација од ресорното министерство биле странски државјани, потоа пет во Прилеп, во Тетово три и по еден новозаболен во Гостивар, Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово.

Во Штип нема ниту еден новозаболен, а оздравени се 10 пациенти.

Според информација од Институтот за јавно здравје, оздравени се вкупно 251 пациент во државата, а починати шест пациенти, сите над 60 годишна возраст.

Според информации од СВР Штип, намален е и бројот на граѓани кои не носат заштитни маски на лицето. Имено, во текот на изминатиот викенд, на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето, регистрирани се 90 прекршоци.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк