Детските градинки во Штип подготвени за прием на децата на 9 септември

Во пресрет на 9 септември, кога за учебната 2020/2021 година ќе започне приемот на децата во градинките, денес, заменик градоначалникот Јане Миланов заедно со директорките на двете детски градинки во Штип, посети дел од клоновите и изврши увид во последните подготовки пред приемот на децата.

Извесно е дека децата ќе бидат прифаќани со посебно одредените протоколи пропишани од страна на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Денес е констатирано дека градинките се подготвени да ги примаат децата.

Во дезинфекцијата на градинките, конкретно за надворешниот дел учествуваат припадниците на Територијалната противпожарна единица. Оваа мерка е предвидена со цел поголема заштита на децата и вработените во оваа институција, истакна заменик градоначалникот Миланов.

По завршената анкетирање на родителите, во детската градинка „Астибо” има запишано 400 деца, а во детската градинка „Вера Циривири Трена” околу 150 деца. Уписите се`уште се во тек, истакнаа директорките.

За информација на родителите, протоколите за заштита на децата се веќе познати и објавени на веб страниците на двете градинки, а она што е потребно е родителите да ги почитуваат.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк