Книгата „Никогаш не вели никогаш“ првенче на Сања Николова Мемиш

Книгата е најдобар пријател на човекот па, затоа книгите од разни области се многу важни за учење на многу ситуации и настани во животот. Секоја книга е различна по себе. Со многу пресврти кои овозможуваат возбуда и неизвесност до самиот крај на книгата. Се повеќе доаѓаат нови наслови од домашни автори и во време на пандемија. Авторите тој период го насочија околу реализирање на нивните мисли, а со самото тоа и издавање на нивните дела. Исто како и во случајот на Сања Николова Мемиш. Која од раното детство започнала со љубовта кон пишаниот филм. А во време на пандемија и издавање на нејзината прва книга „Никогаш не вели никогаш“. Во која се собрани песни и лирски текстови.

„Инспирацијата беше дојдена од секојдневието. Година дена се реализираа стиховите за подоцна да се вклопат во книга“. Изјавува, Николова Мемиш.

„Нотесот е мојот најдобар пријател. Пишувањето за тоа како се чувствувам и како ги доживувам  моментите, ми ги празни мислите и поетската прашина насобрана во душава. Извадок од книгата „Никогаш не вели никогаш“. Од каде идејата и инспирацијата кон пишување на оваа книга? Со што се карактерезира тематиката?

„Насловот на книгата „Никогаш не вели никогаш“ претставува мое животно мото. Бидејќи, многу работи во животот за кои велев дека нема да ми се случат всушност, се случиа“. Изјавува, Николова Мемиш.

Во иднина со нова корица за која Сања вели дека повторно тематиката ќе биде љубов.

Надица Стојковска/ М Нет

Дарко Лазев/ М Нет