
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип за новата сезона договори две нови засилувања. Станува збор за Милан Милков и Александар Тодоров.
Милков настапува на позицијата пет, тој е висок 205 цм, треба да биде големо освежување и засилување на штипскиот клуб.
Тодоров пак настапува на позицијата плејмејкер, а тој ја засилување конкуренцијата во организацијата на играта.
Клубот од градот под Исарот покрај промоцијата на новите играчи, работи и на продолжува на соработката со играчите од минатата сезона, па така Соколи ја продолжуваат соработката со искусниот капитен Никола Караколев, кој и следната сезона ќе биде дел од штипскиот клуб, а продолжена е соработката и со првотимците Атанас Костадинов и Петар Коцев.
Во следите денови ќе бидат претставени нови засилување, а клубот работи и на продолжува на соработката со играчите кои се веќе дел од тимот, односно настапуваа за клубот минатата сезона.
Ланската сезона Соколи беше блиску до пласман во Првата лига, но не успеа во мајсторката со екипата на Ангели.
Александар Ванев, М-Нет