Мицкоски: Нема да има зголемување на цените пред почетокот на учебната година!

Нема да се дозволи зголемување на цените на производите пред почетокот на учебната година истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Дециден дека сигурно ќе има мерки за училишната кошничка, а во меѓувреме се анаизираат неколку концепти. Акцент е ставено на производите кои претходно беа опфатени со мерките на Владата и како нивните цени растат откако нема мерки. Мицкоски вели дека ќе има и санкции со цел да се стави под контрола покачувањето на цените на производите во маркетите.

„Анализираме неколку концепти, сигурно ќе има мерки коишто ќе се донесуваат на училишната кошничка. Затоа сигурно ќе има мерки. И се анализираат цените. Не дозволиво е зголемување на цените пред септември, односно пред почнување на учебната година.“ – вели Мицкоски.

Се очекува со новите мерки кои ќе бидат донесени да се стабилизираат цените на поризводите во маркетите, а со тоа да бидат подостапни за џебот на граѓаните.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет