КК Соколи го промовираше првото странско засилување: Во Штип пристигна Американецот Кам Хамилтон

Кошаркарскиот клуб Соколи го промовираше првото странско засилување, станува збор за Американецот Кам Хамилтон, плејмејкерот од Шарлот, Северна Каролина, а во штипскиот клуб доаѓа со богато меѓународно искуство и настапи во САД, Албанија, Кипар и Полска.

Во сезона 2025/2026 тој настапуваше во полското првенство, каде имаше импресивек просек од 19,9 поени, 5,7 скока, 3,8 асистенции и 2,5 украдени топки.

Во КК Соколи се очекуваат уште неколку странски засилувања со цел подигање на квалитетот на повисоко ниво, за што најави и новиот тренер Марјан Србиновски.

Кошаркарите на Соколи вчера и официјално започнаа со тренинзи, а од 9 септември ќе се преселат во новата сала „Џексон“.

Александар Ванев, М-Нет