
Кошаркарскиот клуб Соколи продолжува активно да се засилува за новата сезона, а клубот од Штип го промовираше второто странско засилување, се работи за Американецот Џеј Пал, висок 206 сантиметри.
Се работи за кошаркар кој носи големо искуство каде покрај во Америка во својата кариера настапуваше и во Грузија, Белгија и Мексико и нови големо искуство во Соколи.
Во сезона 2025/2026 Пал има наверојатна статистика од 13,2 поени и 5,5 скока по меч, а неговиот квалитет најдобро се покажува со неговиот моќен дабл-дабл учинок од 28 поени и 11 скока.
Претходно, Соколи го промовираше Американецот Кам Хамилтон, а тимот се засили и со Јован Александровски, Александар Костоски, Ивица Димчевски и Хусеин Бајрам.
Штипските „соколи“ веќе се во тренажен процес и работат со новиот тренер Марјан Србиновски.
Александар Ванев, М-Нет