Штипјанка нападната во зграда на улица „Партизанска“

Во саботата попладне Џ.С.(49) од Штип била физички нападната од лице со иницијали Д.Д. од Штип. Настанот се случил во ходник од колективна зграда на ул.„Партизанска“ во Штип. Од СВР Штип информираат дека работат на расчистување на случајот.