Во с. Соколарци наместо нагип има „скокалница“ , за жителите безбедност нема

Со изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, многу дополнителни проблеми се појавија кај жителите од село Соколарци. Прво немаат пристапен пат до своите ниви, па како што велат тие мора да минуваат по три километри за да дојдат до нивата која претходно им била на неколку метри. Уште позагрижувачки за нив е направениот нагип, надвозник или популарно кажано кај нив „скокалница“. Ова место овие луѓе мора да го поминат за влез или излез од селото, проблем преставувало за време на жетвата, но уште поголем проблем ќе биде зимскиот период.

Жителите на село Соколарци додадоа дека немаат ни доволно добра сигнализиација, не знаат од која причина. За ваквите проблеми реагирале и претходно кај надлежните, изведувачот и ЈПДП, свесни дека до вакви проблеми ќе дојде. Ветување добиле но, не е реализација. Што со нагипот на влезот односно излезот од село Соколарци, и како да им се излезе во пресрет на проблемите на граѓаните одговор побаравме и од ЈПДП. Од таму во писмено соопштени истакнаа дека двете рампи на преминот се истоветни по конструктивни елементи, изведени према проектот, а проектот ги поминал сите потребни процедури. Визуелно рампата кон Чешиново изгледа поблагопријатно, само затоа што е кон отворено поле, а и едната и другата рампа имаат надолжен наклон од 10% ( со што технички се задоволува условот за ,аксимален дозволен наклон спрема прописите).

Ублажувањето на наклонот е ограничено од два локални теренски услови,
1. Веднаш после рампата во правец на село Соколарци има мост преку локална рекичка, кој што ја ограничува можноста за продолжување односно ублажување на рампата.
2. Било какво дополнително насипување, за серизоно намалување на надолжниот наклон е оневозможено со постојните канали за наводнување, кои се лоцирани на 1 – 1,5 метри од двете страни на локалниот пат. Евентуално насипување од некои 2 3 метри дополнителен насип ќе заврши со затрупувае на споменатите канали“ – напишаа од ЈПДП.

Според нив користењето на локалниот пат подразбира и нормално одржување на истиот во зимски услови.

Лаура Стојанова М-Нет