
Мачу Пикчу колку гордо тоа звучи, за многумина толку посакуван, да се посети, да се види, да се соживее со древната цивилизација на Инките, во никвата култура и уметност на градење волшебни објекти на висина од над три илјади метри. За да се стигне до Мачу Пикчу постојан две опции и ќе во оставам на објаснувањето на Кико за реализацијата на ова авантура. – „Првата опција е со воз од Куско до самиот локалитет во еден ден и кој кошта 250 долари и втората опција е поефтината за оние со понизок буџет и која чини 100 со комбе и пешачење од околу 4 часа до самиот врв. Секако јас желен за вистинска авантура и за респектирање на планината треба малку и да се намачам.

„Во 7 часот наутро тргнав со комбе од Куско и за 6 изминати часа и минати 120 км стигнам до едно место кое е оддалечено 12 км. од Мачу Пикчу. и од тука имав пак две можности за продолжување понатаму, со воз за 35 долари или пешки 4 часа низ планината. Патот е навистина напорен, но енергијата која ја чувсвуваш е неверојатна, замислите околу 1000 луѓе од велиот свет кои итаат кон остварување на својата цел. Можност по пат да се запознаеш со најразлични луѓе од повеќе меридијано, но и луѓе кои ќутат и во својата замислена орбита мечтаат за својата средбата со Мачу Пикчу. Во селото пристигнав околу 18.30 преморен решив да ја прескокнав вечерата и веднаш заспав“

Следното утро околу 03.30 часот вели Кико започнува вториот и по напоред дел од оваа траса. Во целосна темнина и огромен страв да не бидат нападнати од диви животни и во најразлични црни мисли сепак за еден час кога веќе се надзира ноивиот ден и првите зраци на светлоста се стигнува до контролниот пункт каде се покажуваат туристичките карти и ви посакуваат среќа за понатаму. Следи уште еден час вистинска голгота, надчовечки напори искачување по стрмни камени ивици со само една мисла дали вреди сето ова и кога тоа ќе заврши.

„Точно во 6:00 часот пристигнав на портите на локалитетот каде што ме чекаше овластен водич и почна патувањето по историјата на Мачу Пикчу “ вели Кико воодушевен од првите глетки кои просто фасцинираат.
– „ Како е можно наместо да добијам одговори на многу прашања јас добив прашања за кои едноставно одговор немаше. Како е можно да се гради со таква прецизност, како стигнале овие огромни камени блокови на овие висини и многу други енигми . Едноставно престанав да барам одговори и продолжив дасе восхитувам, да ги „голтам“ овие архитектонски убавини кои на светската цивилизација им ги даруваше Американскиот историчар Хирман Бигман во далечната 1911 година “ по што Кико се упати кон врвот над Мачу Пикчу на 3061 м. надморска висина уживајки во панорамата на како што велат „изгубениот град на Инките“ .

По 16 часа пешачење, целосно физички изцрпен, но духовно исполнет Кико Митев ја завршува својата одисеја во осварување на својата желба да го посети едно од седумте светски чуда Мачу Пикчу и како поскеден посетител – турист а како Македонец да биде последниот посетител на овој локалитет. Вирусот Корона зачука на вратите и на Перу и на ислегување од Мачу Пикчу, Кико Митев беше сведок на блокирањето и времено затворање на овој локалитет.
Драги Герасимов – Пушка
