Челси го предупредија Маунт за прекршување на самоизолацијата

Челси го потсетија својот фудбалер Мејсон Маунт и остатокот на фудбалерите за својата одговорност за време на пандемијата на корона вирусот, откако младиот фудбалер беше забележан како игра фудбал во Барнет во неделата заедно со пријателот од детството, фудбалерот на Вест хем, Деклан Рајс.

Фудбалерите и вработените во Челси добија наредба да се во самоизолација 14 дена откако Калам Хадсон-Одои беше позитивен на Ковид-19 на 12 март, препорачувајќи им избегнување на јавни простори и дружење со пријатели.

Се очекува покрај ова јавно предупредување за Маунт, клубот да го казни финансиски младиот фудбалер кој оваа сезона најде место во првиот тим на Френк Лампард.

Текстот Челси го предупредија Маунт за прекршување на самоизолацијата е превземен од МАКФАКС.