
Третолигашот Карбинци се подготвува за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток. Екипата воглавно останува онаа истата од есенската полусезона, а целта е низ натпреварите да се оформи костур за следната сезона, а со тоа амбициите ќе бидат за повисоко ниво.
Одличен гест и од страна на штипскиот прволигаш Брегалница, кој донираше дел од опрема за тренинзи на фудбалерите на Карбинци.
„Ова е само почеток на една поинтензивна соработка помеѓу двата клуба, што секако ќе биде во интерес на развојот на фудбалот во Штип и Карбинци“, велат од третолигашот.
Како што објави претходно телевизија М Нет, пролетната полусезона во ТМФЛ – Исток ќе започне на 10. март. Во првото пролетно коло екипата на Карбинци ќе гостува во Свети Николе кај фаворитот Овче Поле.
Александар Ванев, М-Нет