
На Граничниот премин Богородица дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, ги пречека обрасците за пасоши. Синоќа, Бојмацалиев посочи дека на овој начин се демонстрира концептот „МВР за граѓаните“ на дело. Тој информираше дека сега се пристигнати 140.000 обрасци, а за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што ќе се комплетира бројката од 225.000 обрасци.
„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, информираше Бојмацалиев.
Бојмацлиев апелираше граѓаните навреме да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.
Од Министерството информираа дека продолжуваат со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи.
Ребека Спасова М-Нет