Каратистите Емил Павлов, Жарко Арсовски предводени од селекторот Сашко Арсовски ќе настапат на Премиер лигата во Истанбул

Македонската Карате репрезентација во комплетен состав во претстојниот викенд ќе настапи на Премиер лигата што ќе се одржи во Истанбул, Турција. Селекторот на нашата селекција Сашко Арсовски се реши за најдобрите македонски поединци вкупно 18 на број а секако најмногу се очекува од штипјаните Емил Павлов и Жарко Арсовски. Подготовките беа тешки и напорни, но извонредно реализирани треба да се нагласи дека Емил Павлов беше во Дубаи, минаа без повреди и со полн елан на нашите каратисти за претстојните тешки искушенија.

Покрај Премиер лигата во Истанбул нашите каратисти ги очекува Државно првенство, Премиер лига во Лисабон, Балканско првенство, Европско првенство во Париз по што ако се исполни норма настап и на Олимписките игри во Токио.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk