Канза затвор од три месеци до три години за возење без возачка дозвола или со забрана за возење

Казна затвор од три месеци до три години и парична казна за возење без возачка дозвола, со измината возачка дозвола или со изречена забрана за управување моторно возило. Согласно последните измени во Кривичниот законик, возачите кривично ќе одговараат доколку немаат важачка возачка дозвола, велат од Министерството за внатрешни работи за М-Нет телевизија.

„Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи постапува согласно измените во Кривичниот законик, односно измените во членовите 297, 297-а и член 300, кои ги донесе Собранието на 28.01.2026 и се објавени во Службен весник.

Според измените, за управување моторно возило без положен возачки испит, без важечка возачка дозвола и со изречена забрана за управвуање возило лицето ќе одговара кривично. За овие прекршоци предвидене затворска казна од три месеци до три години и парична казна.“ – стои во одговорот од МВР.

Изминатиот период во билтенот на СВР Штип секојдневно се наоѓаа казни како и одземање на возило за возачи кои биле фатени како возат без валидна возачка дозвола. Само последните два ден во Делчево беа приведени две лица, едно од Делчево и едно од Скопје, бидејќи при контрола во патниот сообраќај полициски службеници констатирале дека возилата ги управуваат без возачки дозволи.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет