Кампус 4 во Штип ќе биде даден на МВР, УГД најави отстапување и прераспределба на факултетите

Кампус 4 во Штип ќе биде отстапен за потребите на МВР, потврди ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Тој вели дека Универзитетот го поддржува процесот, бидејќи објектот е изолиран од урбаната средина и не е најсоодветен за сегашната намена. Во кампусот се сместени два факултета, а студентите секојдневно патуваат до локацијата. За возврат, УГД очекува да добие објект во градското подрачје со подобри услови за работа и настава. Според Мираковски, решението ќе биде во интерес и на Универзитетот и на МВР, кое ќе го користи објектот за свои потреби.

,,Идејата да, од нас беше побарано, верувам вие ја знаете и локацијата на објектот и знаете дека тој е излориан од урбаната средина. Ние имаме два факултети таму кои што за жал студентите мора да патуваат, малку и не е соодветен за намената за која што е во моментот и се користи, така што од наша страна тој процес е поддржан и ние ќе го одстапиме тој објект, за да добиеме објект во урбаната средина, која што е многу по пристојна за овакви активности и верувам дека е корист на универзитетот на условите во кои што ќе работат студентите, а од друга страна МВР ќе го користат за нивни потреби.“, вели Мираковски

Според ректорот Дејан Мираковски, во тек се планови за прераспределба на факултетите што работат во Кампус 4. Тој наведе дека дел од активностите ќе се одвиваат во Факултетот за образовни науки и во објектот на средното текстилно училиште.

,,Дел во моментот ќе се операционализираме за да не загрозуваме, имаме дополнителен простор, дел во факултетот за образовни науки, значи се прават планови во факултетот за образовни науки и за во средното текстилно, кој што е наш објект исто така ќе бидат сместени таму, додека другиот дел е факултетот за туризам и бизнис логистика, тој дел и денеска оперира во објектот на Скопје.“, кажа Мираковски

Ректорот нагласи дека целта е да се обезбедат подобри услови за настава и работа за студентите и наставниот кадар. Според него, промените ќе се спроведуваат во согласност со потребите на факултетите и институциите.

Иван Митев, М-Нет