Кампањата „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно“ денеска спорведена во Штип

Под мотото „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно“ денеска во Штип се спроведе капања во реализација на отсекот за превенција при СВР Штип и РСБСП, а во рамки на прокетот Безбедно лето 2022. Оваа кампања е насочена кон возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети.

„Ваквите превентивни активности очигледно ја подигаат нивото на свест кај сите учесници во сообраќајот, а на тој начин придонесуваат за намалување на бројот на жртви. Овие превентивни активности очигледно даваат резултат и во бројот на намалени жртви во сообраќајниците како што во првите шест месеци оваа година има четири жртви споредбено со истиот период лани кога имало шест жртви.“ – кажа Панајотова.

Во акцијата учесниците во сообраќајот, односно моторциклистите, велосипедистите и возачите на електричен тротинет добија едукативен материјал со цел да ги следат препораките и да нема жртви во сообраќајот.

„Во активноста беа поделени едукативни летоци, возачите на мотоциклистите добија маички, вода и леток, кои се за почитување на сообраќајните правила и носење на потребната заштитна опрема.“

Од СВР Штип уште еднаш апелираа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедени патишта.

Лаура Стојанова М-Нет