Започнаа градежните за изградба на конзола на р. Отиња од шипската гимназија до Ванчо Прке

Започнаа градежните активности за изградба на конзола на река Отиња на потегот од штипската гимназија Славчо Стојменски до основното училиште Ванчо Прке. Стартот на градежните активности го означи првиот човек на Штип Иван Јорданов, истакнувајќи дека ова се прави од неколку причини од кои бенифит ќе почувствуваат граѓаните.

„Станува збор за инвестиција од шест милиони денари од парите на граѓаните, од Буџетот на Општина Штип. Целта на конзолата е проширување на коловозните ленти, подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, низводно на река Отиња нашата цел е да ги прошириме коловозните ленти и централното градско подрачје да го направиме побезбедно за учесниците во сообраќајот, да се подобри протокот на возилата и сообраќајниот метеж да се намали“ – кажа Јорданов.

Јорданов додаде дека ќе се продолжи со уредување на централното градско подрачје во Штип, бидејќи градот како центар на Истокот го заслужува тоа.

„Следните фази е проширување и на останатите потези низводно на река Отиња од двете страни“

Во меѓувреме се рабои на потегот од општинската зграда до градската црква Свети Никола во Штип, а Јорданов очекува една целина да се добие за околу еден месец.

Лаура Стојанова М-Нет