
Во големото финале од Купот на Македонија кај дамите ќе се соочат Каменица Саса и Тиверија Брера, кој ќе се борат за Куп титулата.
Тимот од Македонска Каменица без да игра меч од полуфиналето стигна до финалето, бидејќи екипата на Љуботен не се појави во малото рударско гратче за да го одигра полуфиналиот меч, ова значи службена победа за Саса од 3:0 и службен влез во големото финале.
Тиверија Брера без проблеми го декласираше тимот на Топ Гол среде Битола со 1:6 и без многу мака се пласираше во финалето во Купот на Македонија во женска конкуренција.
Каменица Саса Куп титула освои во сезона 2021/2022 кога со 4:0 го совлада струшки Ас Јунајтед, а потоа играше двапати по ред финале против Љуботен, каде во сезона 2022/2023 загуби од Љуботен со 4:0, а во сезона 2023/2024 овие две екипи играа ново финале каде Љуботен со минимални 1:0 славеше нова Куп титула.
Минатата сезона во финалето од Купот екипата на Тиверија Брера беше убедливо поразена со 4:0 од Љуботен.
Оваа сезона ќе има нов освојувач на Купот на Македонија кај дамите.
Дополнително ќе биде познато кога и каде ќе се игра финалето.
Александар Ванев, М-Нет