Во ЖИВО на М Нет: Кожуф – Шкендија Арачиново

ФОТО: М Нет телевизија

В сабота на телевизија М Нет ќе можете да го следите во живо натпреварот меѓу Кожуф и Шкендија Арачиново, меч од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кој меч има голем влог особено за гостинот од Арачиново.

Само три бодови се опција за екипата на Берат Имери на патот кон Прва лига, Шкендија Арачиново одигра одличен меч и во Купот на Македонија против тетовска Шкендија и максимално мотивирана доаѓа во Гевгелија по трите бодови.

Кожуф и натаму математички ги има шансите за директен опстанок, но не зависи сам од себе, туку и од конкурентите во случајот од Новаци.

На првото соочување Шкендија Арачиново на домашен терен со 2:0 беше подобра од Кожуф. Фаворитската улога е на страната на гостинот од Арачиново, а тимот на штипскиот тренер Иван Варадиновски ќе се потпира на домашниот терен и поддршката од верна публика.

Следете го мечот меѓу Кожуф и Шкендија Арачиново, сабота од 16 часот на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет