
Во период од 10. јуни ди 16. јуни година во Дојран ќе се одржи камп на репрезентацијата на Македонија до 16 години.
Повик од селекторот Раде Каранфиловски за учество на овој камп доби и 16-годишниот Андреј Ристовски, кој настапува за екипата на Охрид.
Ристовски веќе дебитираше и во Втората македонска фудбалска лига за првиот тим на Охрид на натпреварот од 29. коло против екипата на Тетекс во Тетово.
Одлични игри на Ристовски и во Втората пионерска лига како и во Втората кадетска лига го ставија на радарот кај селекторот Каранфиловски, со тоа што Ристовски доби повик за учество на репрезентативниот камп во Дојран.
Александар Ванев, М-Нет