Како ќе изгледа плеј-офот, а како плеј-аутот во кошаркарската Супер лига?

Познат е изгледот на плеј-офот и плеј-аутот во кошаркарската Супер лига, односно познати се екипите кои ќе разигруваат за титула и оние кои ќе разигруваат за опстанок во кошаркарската елита.

Во плеј-офот е ТФТ Скопје, шампионот МЗТ Скопје, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш, додека пак во плеј-аутот се Чаир, Куманово, Работнички, Феникс, Гостивар и Ангели.

Во плеј-аутот ќе биде голема борба за опстанок, бидејќи поради кратењето на лигата дури три екипи ќе испаѓаат, а речиси сигурно испаѓа тимот на Ангели, кој минатата сезона избори влез во Супер лигата, тешка задача ќе има и Гостивар.

Во однос на табелата во плеј-офот таму на врвот се ТФТ и МЗТ со по 41 бод, Пелистер е трет со 36 бодови, Маџари и Кожув го делат четвртото место со по 34 бодови, а Тиквеш е шести со 33 бодови.

Првите четири обезбедуваа полуфинална серија.

Во однос на плеј-аутот Чаир е на врвот со 33 бодови, МКК Куманово е втор со 32 бодови, а пак трет е Работнички со 31 бод. Во зоната за директно испаѓање Феникс е десетти со 30 бодови, Гостивар е претпоследен со 28 бодови, на дното е Ангели со 23 бодови.

Александар Ванев, М-Нет