Како да се спречат дивите приклучувања на водоводната мрежа во Општина Штип?

По вчерашните сведоштва на очевидци во Општина Штип дека несовесно граѓани се приклучуваат не легално, односно на диво на водоводната мрежа, покажува дека совеста на штипјани е на ниско ниво. Речиси три месеци се работи на акција со цел да се исклучат дивите приклучоци на водоводната линија во Општина Штип, со цел да се подобри интезитетот на вода, но тоа не вродува со плод. Од една страна се исклучуваат од надлежните, од друга страна граѓаните самостојно се приклучуваат одново и одново на диво.

Резултатот од ваквото несовесно однесување на одредени граѓани во градот под Исарот, ги става во неизвесна ситуација сите штипјани. Некои регуларно се имаат приклучено на водоводната мрежа, и си плаќаат за своите потреби, но од друга страна се жртви на несовесните граѓани кои народски кажано им ја крадат водата.

Искрената желба на првиот човек на градот под Исарот, да им се стави крај на ваквите нелегални приклучци на водоводната мрежа прекина во молба до штипјани, да си ја сакаат и чуваат својата општина.

Вчерашните „натрапници“ се спречени во нивната намера да се приклучат на диво. Во план на општината е да се постави видео надзор со што сторителите ќе бидат фатени и соодветно санкционирани.

Лаура Стојанова М-Нет