Денеска завршува одлуката за поседување на зимска опрема во возилата

Денеска 15 март завршува одлуката за поседување на зимска опрема во возилата. Со ова зимските гуми се заменуваат со летни, а обврската за поседување на синџири не е задолжителна. Меѓутоа не е на штета на возачите, синџирите да ги задржат уште одредено време во нивните автомобили, бидејќи најавите од Управата за хидрометереолошки работи е дека услови за врнежи од снег на повискоите места, а некаде во државата и на пониските места има и во претстојниот период. Инаку одлуката за поседување на зимска опрема во возилата стапи на сила на 15 ноември мината година и траеше до денеска 15 март.

Лаура Стојанова М-Нет