
И таксистите заминаа на работа во странство, недостиг на вработени се бележи и во оваа дејност. За повеќе пари или подобар живот егзистенција бараат во Хрватсцка, Грција, Охрид и слично. Најголем дел од нив заминуваат на сезонска работа и во септември се враќаат зад воланот. Претседателот на здружението на таксисти „Такси 2003“ Штип, Глигор Арсов вели дека се принудени да ги чекаат до септември, за повторно да се вратат на работа. Но, од друга страна, заработувачката кај такси превозниците е летниот период кога се вози до некоја подалечна дестинација во државата.
„Тоа е рак рана на секоја дејност, не само таксисти, келнери, кувари, конфекција, општо иселување, многу е тешко. Ние сме реално и сезонци, еве дел и од нашите работници заминаа по туристиките места, во Хрватнска, Охрид, Грција, Бугарија…“ – додава Арсов.
И додека од една страна стои проблемот со недостигот на вработени, од друга страна овде се и таканаречените диви таксисти. Иако до сега требаше секое такси возило требаше да има жолти таблички и соодветни лиценци, се уште дел од такси возилата во Штип работат на диво. Затоа вели Арсов се зголемени и контролите од страна на надлежните.
„Најголем број од таксистите си ја средија својата документација, дел не сакаат тоа да го сторат и станаа диви таксисти. Најверојатно затоа се засилија и контролите на терен. Реално тие сметаат дел на нас, дел на градскиот превоз. Најнормално е да се има контроли и тоа почести.“ – вели Арсов.
Потребно е да се работи и на обновување на возниот парк, бидејќи голем дел од возилата се стари. Арсов вели треба да има исплатливост, за да може да се инвестира, а со тоа подобри услуги да добиваат и патниците.
Лаура Стојанова М-Нет