
Општините од Истокот со низа проекти аплицираа на вториот јавен повик на Влада за подобрување на инфраструктурата во својата општина. Општина Штип ќе добие шест милиони евра, а распишана е јавна набавка за реализација на шест проекти. Ќе се гради булеварот пред велзот на населбата Три Чешми, првпат ќе се постави СКАДА системот преку пто ЈП Исар ќе има увид во загубите на вода. Ќе се изгради сообраќајница која ќе ги поврзува средното медицинско училиште „Јане Сандански“ со новата КБ, а ќе се работи и на реставрација на тврдината Исар.
Во Општина Карбинци ќе се работи на изградба на тротоари во село Карбинци, реконструкција на пат во село Таринци, осветлување на кејот на Козјачка река, како и регулација и уредување на каналот Герен во село Долни Балван и изградба на плоштад.
Во Општина Виница се најавува голем градежен бум ова лето.
„Се работи за капитални проекти во вредност од 120 милиони денари за оваа тековна година. Тоа ќе биде еден голем градежен бум во Општина Виница, инвестициски. И не само тоа ова ќе продолжи и наредната година.“ – вели Петков.
Во вториот повик на Владатапотпиашни се 828 договори со општините вредни 225 милиони евра, а во периодот кој следи ќе се градат улици, патишта, тротоари, булевари и слично. Проекти има во сите општини во државата. Од првиот повик над 40% од проектите се целосно завршени, а останатите се во напредна фаза, и главно се инвестира во помалите и рурални општини. Како што истакна министерот за Локална Самоуправа, Златко Перински вкупно има 1116 проекти, плус дополнителни 85 проекти од Бирото за регионален рамномерен развој.
Од општините во Истокот со најмалку проекти аплицирала Општина Берово, односно со само еден проект.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет