Исчистен просторот кај „старата касарна“ во Кочани, целта почиста животна средина

Просторот кај старата касарна во Кочани конечно доби поинаков лик. Денеска се спроведе акција во која учествуваше и населението кое живее во овој дел од градот, а целта беше почиста животна средина и чиста место за живеење. Порака „Чистата и здрава околина е одговорност за секој од нас“ се киспрати денеска до сите, за овој простор да добие сосем нов лик.

„Овојпат се одлучивме да ја посетиме оваа локација, старата касарна заради тоа што имаме еден сериозен проблем поврзан со депонирање на отпад и живот на голем број на граѓани во несоодветни услови. Сметавме дека треба да ја поддржиме заедницата, да чисти во својот круг, меѓутоа истовремено да испратиме порака до јавното претпријатије дека е потребна поддршка за да се надмине овој проблем.“ – вели Дуковска.

Акцијата беше покрената од страна на тим од четири жени кои претходно беа на обуки во Берово за лидерство, а се опфатени разни теми во четири града од Источна Македонија, од кои еден е Кочани.

„Тука сме со мојот тим, населението и КЈП „Водовод“ Кочани. Мојот тим го сочинуваат четири девојки кои се обучени во лидерство.“ – вели Усеинова.

Активноста е дел од проектот на СИГА кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

Лаура Стојанова М-Нет