
Екипата на Мал Ајакс од Штип од следната сезона ќе игра во Првата футсал лига на Македонија, а со тоа најдобрите екипи од македонскиот футсал следната сезона ќе гостуваат во градот под Исарот.
Успешна сезона за штипскиот тим, а кој беше крунисана со уште еден голем успех, а тоа беше што тимот го имаше најдобриот стрелец во лигата.
Се работи за Иса Дурмишов, кој беше убедливо најдобар стрелец во Втората футсла лига за сезона 2024/2025, откако постигна фантастични 71 гол.
20-годишникот убедливо им избега на останатите играчи на листата на најдобри стрелци, а на второто место заврши Ибрахим Алији, играчот на Балкан, кој постигна 55 погодоци.
Овие двајца играчи убедливо беа најдобри стрелци, а Дурмишов се истакна како најдобар стрелец во второлигашката конкуренција.
На третото место на листата на најдобри стрелци заврши Октај Беќири од Кораб, кој успеа да постигна 36 гола, а пак Ѓорѓи Султанов од Овче Поле успеа да постигна 32 погодоци.
Во новата сезона од Првата лига покрај Мал Ајакс, место меѓу најдобрите обезбеди и Балкан, а од Првата лига во Втора испаднаа екипите на Железарец и Црна Река од Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет