Започна изградбата на три пристапни патишта од три плачковички села до регионалниот пат во Карбинци. Станува збор за патишта со мала должина, но од големо значење за локалното население. Градоначалникот на Општина Карбинци Јордан Насев вели дека со бројни мали инфраструктурни зафати се трасира патот за развој на сточарството и туризмот.
Освен во плачковичките села, се градат три улици и во најголемото село –Таринци. Општина Карбинци е една од трите рурални општини на истокот со 29 села и 5 илјади жители. Десетина села се планински, и освен патишта жителите очекуваат општината да го реши деценискиот проблем со водоснабдување и поставување на канализациска инфраструктура.
новинар: Славица Величковска
камера и монтажа: Горан Христовски