
Локалната администрација од денес ќе работи по изменет режим ,изјави в.д градоначалникот, Јане Миланов објаснувајќи дека бројката од 420 заминати во самоизолација и денес е во пораст и во него спаѓаат и административни работници кои се носители на коронавирусот. Кај еден, тестот е позитивен а неговите колеги кои имале контакт со него се во изолација. По гласините во јавноста дека не станува збор за изолиран случај туку за поголема бројка на локални адфминистративци кои се позитивни на Ковид-19 в.д градоначалникот Јане Миланов смирува дека видоизменетите услови за работа нема да значат и ускратување на услугите на граганите како и евентуално стопирање на работата на локалните административци .
Инаку најавата за поразличен режим во работата на локалните самоуправи веќе се практикува во дел од останатите општини чии административни работници сами се изјасниле за двосменско работење во редуциран состав согласно со здравствените протоколи препорачани од комисијата за здравство.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет