
На 04.10.2020 во 03.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионален пат кај место викано „Мездра“, светиниколско, настанал пожар во товарно моторно возило „волво“ со штипски регистарски ознаки со приколка во движење, сопственост на фирма од с.Крупиште, а управувано од А.К.(27) од Штип. Од екипа од Територијалната противпожарна единица пожарот бил локализиран. Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Свети Николе.