
Пехчево, Берово, Чешиново- Облешево се на листата општини кои имаат помала густина на населеност од републичкиот просек. Источниот дел од државата станува терен на ретка населеност и простор со активен и се чини незапирлив процес на депопулација што значи дека навлегува во длабока демографска старост.
Поненаселени од овие општини кои одамна влегле во најдлабока депопулација се Вранештица, Дебарца, Староп Негоричане. Дека процесот на стареење на населението се одвива со забрзан интензитет покажуваат научните емпириски нумероплогии констатирани кај уште десет општини кои се навлезени во подлабока демогравска старост а меѓунив на високо место се наога и општината Карбинци.
Доколку државата планира децентализација на просторот во источниот регион, тогаш ќе мораат да се имат во предвид просторните популационата политика но прашањето на јавноста е што тоа општините од источниот регион превземаат за рационално, плански и навремено да се димензиониора соодветната стратегија за демографски ,односно популациски развој на нашиот регион врз просторни и економски постулати? Или поконкретно дали се стимулира задржувањето на младите поколенија во секоја општина и дали се потикнува зголемувањето на наталитетот наспроти косењето на белата чума? Се чини дека засега одговорот во двата случаи е негативен општините како да се помириле со фактот дека младите заминуваат, наталитетот се намалува, населението им старее и се повекле водат грижа за сместување на истите во старечки домови. Но капацитетите се мали и неможат да им одговорат на барањата на старите лица кои чекаат ред за сместување. Едно од решенијата го понуди општината Берово преку потпишан договорот за внатрешно уредување на третата ламела на Домот за стари лица ,,Др.Иван Влашки”
Градоначалникот Пекевски изјави дека овој проект ќе биде од големо значење за Берово и за Источниот регион, од причина што ќе може да обезбеди нови 10 легла за корисниците, кој во голем број чекаат да бидат сместени. Од Центарот за развој на источно планскиот регион, соопштија дека вредноста на проектот е околу 7.300.00,00 денари од кои околу 6.900.000,00 денари се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа а останатите околу 400.000,00 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Берово.
Маре Стојилова М нет
Игор Зиврев М нет