Активен пожарот во беровско Будинарци, се заканува на плевните

Сè уште активен пожарот во беровско Будинарци. Страшна беше глетката на снимките кои тамошните граѓани ги објавуваа на социјалните мрежи. Како што велат тие, пожарот бил веднаш над куќите и потребно е да се спречи да зафати дел од плевните. Ветерот не само што го отежнува гасењето, туку и уште повеќе го разгорува огнот.

Од ЦУК велат дека е мобилизирана поголема екипа која го гасне пожарот. Меѓутоа, пожарот е сè уште активен и гори високо квалитетна борова шума. Она што го отежнува гаснењето е и тешко пристапниот терен.

Ребека Спасова МНет