
Денес во „куќата на фудбалот“ се изврши ждрепката за 1/4 финалните парови во рамките од Купот на Македонија. Ждрепката сакаше двете струмички екипи Академија Пандев и Беласица да бидат домакини. Еве ги 1/4 финалните двојки:
1. Академија Пандев – Шкупи
2. Струга Трим Љум – Ренова
3. Беласица – Македонија ЃП
4. Силекс – Шкендија
Четврт – финалните натпревари ќе се одиграат на 25 ноември 2020 г. и се игра по еден натпревар за пласман во полуфинале.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk