Виолета Јанчева стана првата жена – главен судија на натпревар од Трета лига

Изминатиот викенд заврши сезоната во Третата македонска фудбалска лига – Исток, со натпреварите од последното 18. коло со што Вардарски од Богданци стана шампион и ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Меѓутоа во оваа последно 18. коло беше испишана историја на натпреварот во Струмица меѓу Тиверија и Ударник од Пирава, откако Виолета Јанчева од Гевгелија беше главен судија на натпреварот, со тоа 27-годишната Јанчева стана првата жена што судијата натпревар како главен судија на официјален натпревар во Третата македонска фудбалска лига.

Екипата на Вардарски изминатата недела стана шампион откако го совлада Карбинци со убедливи 1:4, натпревар кој можевте ексклузивно да го следите преку директен пренос на телевизија М Нет, а сега Вардарски заедно со Борец, Велазерими и Кораб, ќе го чекаат шампионот во Северот каде лидер е Куманово и екипата која ќе заврши на 14. место во Втората лига, а ќе имате ексклузивна можност тоа да го дознаете преку преноси на телевизија М Нет од Кочани и Македонска Каменица.

Александар Ванев, М-Нет